СКАУТИНГ КАМП БИТОЛА 2015, 11-14 ЈУНИ

by zocipro
Ground

После минатогодишниот и повеќе од успешен скаутинг камп, задоволството и стекнатото искуство кај учесниците, нивните родители и пред се на гостите како од другите градови од Македонија, Албанија и секако од Италија по Втор Пат на исто место ќе се одржи единствениот скаутинг камп во нашата земја од кој најдобрите секогаш имаат вистинска шанса да ги покажат нивните квалитети надвор од границите, односно конкретно Италија.

Оваа година, од 11 до 14 Јуни, повторно НАЈДОБРИТЕ ДВАЈЦА играчи ќе имаат директна можност за претставување на своите вештини, квалитети и талент во Италија во академија и фудбалска школа за која и не треба посебно да се претставува имајќи го предвид успехот на ФК ЕМПОЛИ оваа година во најдобрата италијанска лига каде најголемиот број на играчи баш се и нивен “производ”.

За разлика од првиот камп, а по препораки пред се на родителите и тренерите, техничката селекција ќе се одвива генерално поделено во две групи и тоа од 10-15 години и поголема од 16-18 години. Исто како и претходно по самостоен избор на тренерот/претставникот на академијата од Италија ќе имаат ексклузивна можност да учествуваат на националата селекција во Италија каде освен од академијата на ФК Емполи ќе бидат скаутирани и оценувани и од многу други екипи како Фиорентина, Сиена, Лацио, Перуџа и други.

Ексклузивна новост и привилегија од оваа година за Спорт Талент во соработка со ИСМ како апликанти за Еразмус Плус програмата, отвора можност најдобрите 2-4 учесника од овој камп да добијат стипендија за школување во Италија каде активно би го продолжиле својот фудбалски пат паралелно со образовниот во склоп на академијата.

Рок за пријавување е 4 Јуни, при што цената за учество согласно категориите ќе изнесува 4500 денари до 15 години и 5500 денари за играчите од 15 до 18 години. Можност за организирано сместување на сите учесници надвор од Битола со доплата од вкупно 1500 денари.

Исто така, единствено на овој камп за млади фудбалери, секој учесник ќе ги има следните бенефиции:

– Одличен терен за тренинг и игра (фудбласко игралиште Павел Шатев)

Шест тренинзи во комбинација со попладневни натпревари

Комплет фудбалски дрес со логото на ФК Емполи

Професионален детален извештај за секој од учесниците на кампот кој ќе им послужи како референца за понатамошен нивен фудбалски развој

– Професионални тренинзи предводени од Diego Roccaforte* – УЕФА тренер (прво најавениот тренер е заменет со наведениот)

Додипломски Стипендии за двајца од најдобрите учесници

Бесплатно еднонеделно летување со тренер за индивидуални тренинзи за најмладата група

– Сите тренинзи ќе бидат потпомагани и следени од наши добро познати фудбалски имиња и тренери од најдобрите фудбалски школи во регионот

– Присуство на познати наши тренерски имиња, професионалци, меѓународни скаути и агенти од други земји како и минатата година

Спортски изненадувања особено за најмалите учесници

Начинот на пријавување e со уплата на жиро сметка на ЗССД СПОРТ ТАЛЕНТ БИТОЛА 200-0027123435-77, депонент Стопанска Банка АД Скопје.

Превземете и пополнете пријава:

Prijava
  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn

Превземи Пријава

и испратете на: [email protected] или [email protected]

како и директно во продажниот салон за мобилна телефонија и опрема Хело Шоп – Битола, на Широк Сокак веднаш до поранешен Аеро Клуб.

You may also like

2 comments

Единствено во Македонија, Стипендии за Додипломски Студии - Macedonia Sport 23rd May 2015 - 3:51 pm

[…] со соработка со Бизнис Академијата Смилевски, ДВАЈЦА учесници од од овој скаутинг камп Битола 2015, ќе добијат […]

Пријави се! - Macedonia Sport 30th May 2015 - 9:32 pm

[…] СКАУТИНГ КАМП БИТОЛА 2015, 11-14 ЈУНИ 4th May 2015 […]

Comments are closed.

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

Pin It on Pinterest

Share This

Share This

Share this post with your friends!

Share This

Share this post with your friends!