Македонски Фудбалери во Перуџа

by zocipro

Италија како една од светските фудбалски велесили претставува земја каде од оваа година веќе се надоградуваат и развиваат во фудбалски професионалци и четворица македонски фудбалски таленти.

Имено, локацијата каде престојуваат е светско познатато туристичко место, Асиси, каде се одвива и нивното образование претежно насочено во изучување на италијанскиот јазик и култура. Нивниот фудбалски талент го надоградуваат и учат генерално на терените во Перуџа каде се наоѓа италијанската академија за фудбал ИСМ (Italian Soccer Managment). Преку неделата секако согласно договороената агенда во голем број наврати натпреварите против различни противници, екипи од професионален или полупрофесионален ранг ги одигруваат на различни локации низ Италија.

Нивниот досегашен престој изобилува со доста научени лекции од фудбалската игра, но и пред се од развојот на нивната личност која ја имаат како секојдневние со тоа што се и заедно со деца, фудбалери без малку од секој дел на светот. Досегашните импресии се само пофалби, со одредени успеси, но и падови од кои се добиваат знаења кои единствено ќе бидат начин да се достигне нивото на врвниот италијански фудбал на лице место.

Во академијата, а и претежно на натпреварите, Иван, Дејвид, Виктор и Матеј и тоа како се следени и нивниот талент е препознат веќе од неколку познати скаути и тренери, како скаутите на Сампдорија, Перуџа и Фиорентина, а со нив скоро секојдневно во работата е вклучен и поранешниот еминетен стручњак, екс тренер на Перуџа, Сиена и екс селектор на Гамбија, Лусиано Мансини.

Во моментот нашите фудбалски таленти се на заслужен активен одмор, по кој во Јануари се враќаат повторно на обврските во Италија, од каде ќе очекуваме секако само добри резултати и напредок кој ќе даде свежина и квалитет во нивниот личен развој, најверојатно во иднина во некој италијански клуб, па и доколку бидат соодветно следени и повикани и за нашите фудбалски селекции.

Генерални застапници за овој италијански бренд во Македонија како и целиот Балкан е спортската организација Спорт Талент, каде можите да се информирате за сите нивни програми поврзани со можноста и на Вашите фудбалски таленти да им овозможите директно усовршување и давање во Италија. Нивната официијална фан страна е: facebook.com/scoutforitaly или пак можите да се информирате и на емаил: [email protected] или телефонски +389 75 339 519.

Спорт Талент воедно Ви ја честита Новата Година и Божиќните празници, а на Глигоров, Митревски, Боневски и Јордановски им посакуваме пред се здравје, дисциплина и успеси во нивните зацртани цели.

  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

Pin It on Pinterest

Share This

Share This

Share this post with your friends!

Share This

Share this post with your friends!