Проект СРЕЌА

by zocipro

ЗССД Спорт Талент во соработка со ФК РИС од Битола, со задоволство се Вклучува и го промовира и еден огромен проект со голема порака до сите хумани луѓе кои преку мала поддршка и помош ќе придонесат за Голема Среќа на лицата на многу млади деца.

Целта на Проектот ЗДРАВО ШАМПИОНИ е проект кој ги опфаќа сите деца и млади од 7 до 18 години, кои сакаат да се занимаваат со спорт, аматерски или професионално, а немаат услови за тоа, им обезбедуваме спортска опрема и членарина во клуб каде би сакале да спортуваат, спорт кои тие самите ќе го одберат.

Можат да се пријават сите деца,млади лица, кои се во категорија, социјален ризик: деца без родителска грижа, деца од дом семејства, деца од еднородителскисемејства, деца кои живеат во семејства со мали примања, деца со пречки во развојот, деца со хендикеп. За тоа треба да ни доставите и соодветна потврда во истиот мејл. 

Овој проект е во соработка со Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport , на кои сме им бескрајно благодарни за поддршката.
Пријавувањето е на маил: [email protected] .

Во пријавата треба да стојат следниве податоци:

  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn

-Име и презиме,
-Датум и место на раѓање,
-Пол,
-Адреса на живеење,
-Матичен број,
-Име на родител/старател
-Контакт телефон,
-Во кое училиште посетува настава,
-Висина и тежина
-Број на обувки
-Со кој спорт би сакал да се бави, и дали можеби има клуб каде би сакал да посетува тренинзи.
-Дали веќе има искуство во спортот, аматерско или професионално,
-Дали има некакви болести, или алергии.

Пријавувањето е најкасно до 30 мај. Сите пријави стигнати по тој датум нема да ги сметаме за валидни.

Од друга страна, овој проект ги мотивира сите кои се занимаваат со спортска дејност, продажба на спортска опрема, или спортски клубови, да допринесат со донирање на опрема или услуги во самиот проект.

  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn
Почнувајќи од спортски клубови можете да се вклучите,  со донации во спортски членарини за одреден број деца, по ваш избор, и да им овозможите активно бавење со спорт на оние деца кои тоа не можат да си го овозможат, што секако ФК РИС Битола веднаш со задоволство го прифати.

 

Ние како здружение, и децата на кои таа помош ќе им биде од големо значење, би ви биле благодарни и среќни доколку одлучите да ни се приклучите во нашата хумана мисија, и создавање на нови шампиони!

За повеќе информации освен наведените контакти секако можете да не контактирате и нас, [email protected] или на нивниот официјален сајт www.proektsreka.mk

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

Pin It on Pinterest

Share This

Share This

Share this post with your friends!

Share This

Share this post with your friends!