Спорт Талент, повторно силно и интернационално

by zocipro

Повторно силно и интернационално, ЗССД СПОРТ ТАЛЕНТ Битола, „заплива“ во спортските води, и тоа не било каде, туку во прекрасната Полска. Соработката која Спорт Талент ја остварува е интернационална, меѓу спортски здруженија од повеќе земји во ЕУ: Ирска, Полска, Литванија, Унгарија и Бугарија. Идејата на тимот на Спорт талент (вклучувајќи го и новиот ФК Рис, кој е во подем) е да ја продолжи соработката на интернационално ниво, со отворени можности за младите, активни спортисти. Вратите кои тимот на Спорт Талент ги отвора за младите, надежни спортисти се од светски размер, а зад нив се наоѓа бескрајниот океан од можности, учење и спортски напредок во Европа и пошироко. Бидете спремни да ги зграбите овие можности!

Youth United in Sports е мулти-активен спортски проект, а со две засебни и одделни размени на млади спортисти. Првата размена се одвива во Полска, а втората размена во Ирска. За првата размена веќе се организирани настаните низ богат, исполнет распоред со спортски активности и игри на отворено (пример, возбудливи планинарења за кои не ви треба претходно искуство, а соодветни чевли и јакна отпорна на ветар и вода, бидејќи истите се предводени од планинари со долгогодишно искуство). Исто така, бидете подготвени да ја претставувате Македонија, спортот во Македонија, и успешните спортови во Македонија.

Што ви е потребно за да не претставувате на интернационално ниво:
– преставникот не треба да е помлад од 16, а постар од 25 години,
– спортски активен, соодветна спортска облека (патики, тренерки, водоотпорна јакна, итн)
– настаните се на интернационално ниво, јазикот за комуникација помеѓу учесниците е Англиски, затоа нашиот претставник треба добро да го владее Англискиот јазик (говорно),
– да имате подготвено идеја / план, како би ја преставиле Македонија и еден национален спорт
Учесниците ќе бидат сместени во хотел http://utoski.pl/pl,en , а настаните организирани се одвиваат во Полска, рапоредени во текот на 9 дена, од 21 Јуни до 30 Јуни.

  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn

Спорт Талент ве очекува за пријавување, а се надева дека со нетрпение чекавте на ваква шанса, каде низ игри и спорт би научиле повеќе од добро организираниот настан при Еразмус + европската програма за размена на млади.
За повеќе информации околу пријавувањето пишете на емаил: [email protected], јавете се на 075 339 519 или посетете ја нашата Facebook страница за контакт: https://www.facebook.com/sporttalentbitola/

Спортски Поздрав,
СПОРТ ТАЛЕНТ

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

Pin It on Pinterest

Share This

Share This

Share this post with your friends!

Share This

Share this post with your friends!