Спорт Талент ја надоградува соработката со ИСМ

by zocipro

  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn
  Најголемата и најдобрата спортска организација во Македонија продолжува со својата успешна работа на повеќе полиња и создавање поле за успешна презентација на спортските таленти од овие простори. Секако надоградбата и интензивирањето на соработката со веќе постоечките партнерски академии е приоритет и во тој контекст веќе се во ек два големи идни проекти за фудбалските таленти до 18 години, како и воопшто за сите спортски професионалци од овој регион и пошироко.

  Имено, се работи за стипендиски проект за талентирани фудбалски таленти од 15 до 18 години (средно училиште), кои имаат можност да заработат и до 10000 ЕУР стипендиски пакет и можност своите вештини ги развијат директно во трикратниот светски шампион во фудбал, Италија.

  Спорт Талент е официјален партнер и промотор на италијанската академија ИСМ (Italian Soccer Management) каде секоја година се школуваат, тренираат и се развиваат преку 80 деца од целиот свет. Академијата се наоѓа во Перуџа и успешно работи и од 1994 година, со многу успешни приказни на професионални играчи излезени од нивните редови дури од земји кои не важат за расадни ка на фудбалски таленти. Низ годините имале неколку официјални соработки и скатуинг програми за неколку клубови како Емполи и Перуџа, но сега веќе таа соработка на официјално ниво е со повеќе од 40 професионални клубови од кои најголемиот дел од Италија.

  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn

  Професионалниот начин на работа во академијата се состои од: организирано сместување, професионален тренинг, скаутинг тестови, натпревари, директни проби во клубови и секако паралелно сите деца се вклучени во образовниот систем преку соодветно организиран едукативен програм во средните училишта во Перуџа.

  Оваа исклучителна можност за секој фудбалски талент на возраст од 15 до 18 години е достапна сега преку спортската организација Спорт Талент, со можност преку престојот во Италија да истиот се надогради согласно покажаниот квалитет и предиспозиции во професионален договор со фудбалска агенција од таа земја која понатаму би го финансирала целиот овој процес или директно со професионален клуб како една од главните цел на секој млад фудбалер. Нашата цел е јасна и едноставна, искористете ја секоја шанса да бидете видени со тоа сте чекор понапред до Вашиот следен успех.

  Повеќе информации можете да добиете и преку емаил: [email protected], тел. 075 339 519, па на тој начин и да се приклучите да веќе селектираните деца и дел од нив кои веќе од јануари ќе го продолжат својот сон до успешни професионалци во Италија.

  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn
   

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

Pin It on Pinterest

Share This

Share This

Share this post with your friends!

Share This

Share this post with your friends!